Во чашата на нутрибулет ги ставаме зрната грозје, нелупеното јаболко, до колку е домашно и обескостените сирки(урми).
Додаваме 50 мл вода и убаво ја соединуваме цела смеса.
Дополнуваме со вода во чашата додека не ја постигнеме посакуваната густина.
По желба процедуваме низ крупна цедалка и сервираме во 2 чаши.
Консумираме веднаш.

Сирките, некои ја нарекуваат и кинеска урма,или игличка, жижула,а не знам во други краеви како се викаат.
Латинското име е Ziziphus jujube..
Овде расте како трнка, дрво, со прекрасни плодови, кои наликуваат на урми.
Јас на подарок добив од овие крупниве, калемениве.
Мене лично поголем мерак ми прават ситните, кои имаат мало семче и кои може слободно да се замрзнат.
Може одма да се консумираат и без одмрзнување.
Исклучително интересно и здраво овошје се.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани