И така.... си направив и слатко,

- Исчистете ги семките
- Во плитка касерола ставте ред цреши - ред шеќер. Вака оставете ги во фрижидер да одстојат преку нок.
- Наредниот ден ставете на тивок оган да се вари во сопствениот сок кој го пуштиле црешите. Доколку оцените дека нема доволно сок тогаш ставете најмалку 100 мл. вода и помогнете му на шеќерот да почне да се топи. При самиот крај на варењето ставете го лимонот исечен на кругови, шербетот ќе се разреди малку и затоа продолжете да варите до потребната густина на самиот шербет.
- Во почетокот на вриењето ќе се запени, пената извадете ја.
- Сварено слаткото покријте со влажна крпа, нека одстои така до потполно ладување- соберете во тегли.
Секогаш ова слатко ми заликува на кандирано овошје и заради неговата потреба... сакам на овој начин да го спремам.
Нека ви е навистина слатко!

Забелешка
- Количината на шеќерот варира, а тоа се должи на тоа колку е созрена и блага црешата.
- Шербетот за мене е готов ако бавно капат капките една за друга или ако ставам на тацна- малку да истине и кога ќе поминам со лажицата низ него - да остане пат.
- Јас најчесто на овој начин варам слатко - нормално нели зависи од кое овошје, ама капини, малини, јагоди, вишни, рибизла... плодот на бозделот... и др,само вака ги варам.
- Доколку сакате можете и жешко да го собере во тегли, превртети ги со капачките надолу - нека оладат.
- Рачките од црешите не се отпад - соберете и ставете да се исушат. Тие се и како лек, а најчесто се вари чај и помага при бубрежните болести, односно за оние кои имаат камен на бубрегот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани