
Слатко од тиква со лешници
Се прави раствор од варот и водата.
Во подлабок сад се сече тиквата на парчиња по желба и се залева со варовата вода
Вака овошјето се остава да одстои преку ноќ.
Утредента се исфрла варовата вода и убаво се измива тиквата во 9 води
Тиквата се вари само во една вода.
Таа вода се исфрла и тиквата се спушта во чиста зовриена во која што се додава и шеќерот.
Вака тиквата се вари околу 2 часа.
На крајот се додава сокот од лимон, ванилиниот шеќер и лешниците.
Готовото слатко се покрива со влажна крпа и се собира изладено во теглите.
На здравје!!!
Лиценца: Сите права се задржани
А, Маја каква тиква користеше?
Didi kaj nas ja vikaat stocna tikva.
Site mi ja potenciraa bas ovaa tikva sto ja gledas na slikata.