Овој рецепт го имам веќе неколку години и постојано го правиме.
Најпрво сирењето го сечеме на коцки 1цм на 1 цм или ако сакате и покрупно и го редиме во тегла потоа го налеваме маслиновото масло и дополнуваме со обично сончогледово масло, Ја затвораме теглата и ја ставаме во фрижидер да стои 10 дена да прими вкус од маслиновото масло. Откога ќе го потрошите сирењето во истото масло си дополнувате сирење ако ви е малку масло доставате да се дополни теглата и се така.
Најчесто кај нас се спрема со козјо домашно сирење меѓутоа може и со било какво сирење.. вкусот е неверојатен исто така можете и само со маслиново масло да го правите иститов рецепт.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови