Сирење во масло
Овој рецепт го имам веќе неколку години и постојано го правиме.
Најпрво сирењето го сечеме на коцки 1цм на 1 цм или ако сакате и покрупно и го редиме во тегла потоа го налеваме маслиновото масло и дополнуваме со обично сончогледово масло, Ја затвораме теглата и ја ставаме во фрижидер да стои 10 дена да прими вкус од маслиновото масло. Откога ќе го потрошите сирењето во истото масло си дополнувате сирење ако ви е малку масло доставате да се дополни теглата и се така.
Најчесто кај нас се спрема со козјо домашно сирење меѓутоа може и со било какво сирење.. вкусот е неверојатен исто така можете и само со маслиново масло да го правите иститов рецепт.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Е сега некој да ми објасни која е поентата сирењето да се чува во масло, освен можеби ако се додаваат зачини за да се ароматизира не можам да сфатам што ќе ми е кога ќе го извадам да ми е мрсно на раце :) јас порадо веќе ако мора да складирам поголеми количини (а гледам да не мора и тоа) би го чувала едноставно во солило...
А овде во нашиве маркети реткост е да најдам козјо сирење...
http://moirecepti.mk/post/%D0%BC%D0%B0%D1%80%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B8-%D0%BA%D1%83%D0%B3%D0%BB%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B8-%D0%BE%D0%B4-%D1%86%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D0%BE-%D0%BA%D0%B8%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%BE