Сендвич лепчиња - џепчиња
Во топло млеко додадете го квасецот, солта, шеќерот и 2 лажици брашно.
Оставете на топло место да надојде квасецот, додадете ја топлата вода со растопен маргарин (можете да користите и масло и така резултатот е добар) и додавајте брашно да добиете еластично тесто, не стегнато помеко тесто .
Оставете тестото да надојде, поделете го на делови јас го поделив на 6 дела. Секој дел расукајте го во круг со дијаметар 15 см и дебелина 5 см. Кругот премачкајте го со масло, преклопете го, но подолу од рабовите повторно премачкајте со масло, па од едната страна на кругот влечете да го преклопите до другата страна и пак премачкајте со масло.
Така готовите џепчиња редете ги во подмачкана тава, нека киснат 15 минути и печете во претходно загеана рерна на 180 или 200 степени околу 20-25 минути.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови