16
сеп
2014
Свински шницли со кафени шампињони и крем супа од печурки
Кафените шампињони и црвениот кромид ги сецкаме на ленти, ги пржиме на маслиново масло додека не пуштат вода.
Месото го динстаме со малку вода и масло, во тава покриена со капак.
Во тенџере на страна ја вариме крем супата од печурки.
Откако месото ќе омекне, во тавата ги додаваме печурките и кромидот, сварената крем супа, зачинуваме по желба.
Тавата се става во рерна, се пече додека не згусне сосот.
Како прилог добро оди салата од тиквици и павлака и динстан мешан зеленчук.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови