Испечати

Свински шницли со кафени шампињони и крем супа од печурки

Свински шницли со кафени шампињони и крем супа од печурки

Состојки

  • 1 крем супа од печурки
  • 500 мл вода
  • 600 гр. свински шницли
  • 400гр. кафени шампињони
  • 3 главици црвен кромид
  • по потреба сушен магданос
  • по потреба сушен зеленчук
  • по потреба маслиново масло

Подготовка

Кафените шампињони и црвениот кромид ги сецкаме на ленти, ги пржиме на маслиново масло додека не пуштат вода.
Месото го динстаме со малку вода и масло, во тава покриена со капак.
Во тенџере на страна ја вариме крем супата од печурки.
Откако месото ќе омекне, во тавата ги додаваме печурките и кромидот, сварената крем супа, зачинуваме по желба.
Тавата се става во рерна, се пече додека не згусне сосот.
Како прилог добро оди салата од тиквици и павлака и динстан мешан зеленчук.