Свински шницли со свежи шампињони
Да ви предложам еден едноставен и многу вкусен ручек.
Подготовка на месото.
Шницлите по малку зачинете ги со солта, биберот и мешаниот сув зачин.
Шампињоните исчистени и измиени исечете ги на тенки ливчиња и оставете ги на страна.
Во тава ставете ги маслото и путерот да се загреат. Шницлите извалкајте ги во брашното и ставете ги да се пржат на среден оган од двете страни.
Кога сите се испржени оставете ги на страна.
Во тавата додајте ги шампињоните, лукчето и магдоносот исецкани и водата. Додајте и сол, зашин, бибер по вкус.
Оставете ги да се динстаат додека пола од водата испари. Потоа додајте 1 рамна лажица брашно и измешајте. Додајте ги и шницлите и оставете ги да поварат 3-4 минути колку да се спојат вкусовите и во меѓувреме 2-3 пати превртете ги.
Со додавањето на брашното сосот ќе се згусти и ако е потребно додајте уште малку вода за да биде сочен.
Послужете ги топли заедно со сварениот ориз.
Подготовка на оризот.
Во тава со масло пропржете го ситно исецканиот кромид и оризот. Додајте ја водата и зачините по вкус. Оставете го да се вари додека течноста испари и оризот омекни.
Лиценца: Сите права се задржани