Свински шницли со свежи шампињони
Состојки
- 8 средни свински шницли
- по потреба сол, бибер и мешан сув зачин
- по потреба брашно за валкање на шницлите
- 4-5 лажици масло
- 1 лажица путер
- За прилогот
- 500 - 600 гр свежи шампињони
- 1 големо чешне лук
- 2-3 гранчиња магдонос
- 1 чаша од 250 мл вода + 1 лажица брашно
- За оризот
- 1 чаша од 150 мл ориз
- 4-5 лажици масло
- 1/4 мала главица кромид
- 3,5 чаши (од 150 мл) вода
- по вкус сол, бибер и мешан сув зачин
Подготовка
Да ви предложам еден едноставен и многу вкусен ручек.
Подготовка на месото.
Шницлите по малку зачинете ги со солта, биберот и мешаниот сув зачин.
Шампињоните исчистени и измиени исечете ги на тенки ливчиња и оставете ги на страна.
Во тава ставете ги маслото и путерот да се загреат. Шницлите извалкајте ги во брашното и ставете ги да се пржат на среден оган од двете страни.
Кога сите се испржени оставете ги на страна.
Во тавата додајте ги шампињоните, лукчето и магдоносот исецкани и водата. Додајте и сол, зашин, бибер по вкус.
Оставете ги да се динстаат додека пола од водата испари. Потоа додајте 1 рамна лажица брашно и измешајте. Додајте ги и шницлите и оставете ги да поварат 3-4 минути колку да се спојат вкусовите и во меѓувреме 2-3 пати превртете ги.
Со додавањето на брашното сосот ќе се згусти и ако е потребно додајте уште малку вода за да биде сочен.
Послужете ги топли заедно со сварениот ориз.
Подготовка на оризот.
Во тава со масло пропржете го ситно исецканиот кромид и оризот. Додајте ја водата и зачините по вкус. Оставете го да се вари додека течноста испари и оризот омекни.