Свинска кртина на жар - Thai-Style
1. Сите состојки од маринадата се мешаат.
2. Парчињата свинско месо (со дебелина од 1 см) се премачкуваат со маринадата и се ставаат во тава, се полеваат со остатокот од маринадата, се покриваат со капак и се оставаат да отстојат 1-2 часа за да ги впијат вкусовите.
3. Така подготвени се печат на скара на жар.
* Како прилог со свинското месо подготвив брокула и моркови (варени 15-тина минути).
* Мешавината од тајландски зачини ја добивме како подарок од Словенија па не знам дали кај нас може да се најде. Како замена можете да употребите некој друг вид на мешани зачини.
Лиценца: Сите права се задржани