
Туна салата - Umbrian style
Оваа салата ја најдов на италијански сајт за готвење и како голем љубител на италијанската кујна морав да ја пробам, но направив неколку измени и ја прилагодив по мој вкус. Крајниот резултат ме воодушеви и ја препорачувам на сите кои сакаат мешавина од различни вкусови во еден залак.
1. Марулата се мие и се сече на поголеми парчиња.
2. Туната се цеди од маслото и се додава во марулата.
3. Се додаваат и црвениот грав и пченката.
4. Маслинките се чистат од семките, а круговите цвекло се сецкаат и се додаваат во салатата.
5. Состојките за преливот се мешаат и со него се прелива салатата.
* Сокот од конзервирано цвекло може да се замени со обичен сок од цвекло помешан со неколку капки сок од лимон.
Лиценца: Сите права се задржани