Испечати

Свинска кртина на жар - Thai-Style

Свинска кртина на жар - Thai-Style

Состојки

  • 1.5 кг свинска кртина
  • Маринада
  • 50 мл маслиново масло
  • 1 лажичка морска сол
  • 2 лажички кафеав шеќер
  • 1/2 лажичка мелен бибер
  • 3 чешниња лук (ситно исечени)
  • 2 лажици соја сос
  • 3 лажици рибен сос
  • 1 лажица ворчестер сос
  • 1/2 лимон (сок)
  • 1 лажичка црвен пипер
  • 2 лажички мешавина од тајландски зачини

Подготовка

1. Сите состојки од маринадата се мешаат.

2. Парчињата свинско месо (со дебелина од 1 см) се премачкуваат со маринадата и се ставаат во тава, се полеваат со остатокот од маринадата, се покриваат со капак и се оставаат да отстојат 1-2 часа за да ги впијат вкусовите.

3. Така подготвени се печат на скара на жар.

* Како прилог со свинското месо подготвив брокула и моркови (варени 15-тина минути).
* Мешавината од тајландски зачини ја добивме како подарок од Словенија па не знам дали кај нас може да се најде. Како замена можете да употребите некој друг вид на мешани зачини.