Видео рецепт: Свинска шницла
Има причина зошто овој рецепт е толку популарен низ цела Европа… Има тооолку добар вкус! Овде ќе Ви покажеме колку лесно се прави и веројатно ќе биде подобар отколку да го јадете во ресторан...
Состојки
- 2 свински шницли
- 2 јајца
- 200 грама брашно
- 200 грама презла од бел леб
- 1 кафена лажичка сладок црвен пипер
- Еден лимон
- Сол и бибер
- Маслиново масло
Вид на оброк: Ручек
Комплексност: Лесно
Лица: 2
Време на подготовка: 30-60 мин.
Подготовка
Чекор 1: Прво треба да ги омекнеме и израмниме шницлите. Можеби можете да купите месо кое е веќе подготвено ако имате „месар кој сака шницли“, но во спротивно покријте ги двете шницли со целофан и израмнете ги со чекан за месо.
Оваа постапка е важна бидејќи шницлите ќе ги готвиме директно во презла и потенките шницли побрзо ке бидат готови!
Чекор 2: Земете три чинии и направете го следното…. Ставете брашно во првата…. Две јајца во втората, и изматете ги... И презла со малку сол, бибер и сладок црвен пипер во третата… Овде користиме презла од чиабата леб кој го сомлевме во блендер.
Чекор 3: Земете ги шницлите и прво ставете ги во брашното, а потоа во јајцата (брашното полесно се лепи ако прво ги ставиме во брашно).
Потоа покријте ги со убава количина презла од двете страни…
Чекор 4: Загрејте средна Делимано тава за пржење, ставете малку маслиново масло и потоа ставете ја првата шницла во тавата внимавајќи да не се испрскате со врелото масло…. Оставете ја да се пржи 3 до 4 минути и потоа превртете ја за да се испржи и од другата страна... Сакаме да добиеме златна крцкава надворешност без да ја изгориме презлата... Повторете ја постапката и за втората шницла.
Чекор 5: Време е за сервирање: Шницлата сервирајте ја во чинија со малку компири... Ние ги испековме со сол, бибер, маслиново масло и сладок црвен пипер... Ставете и неколку кришки лимон кои ќе ги исцедите пред јадење…
СОВЕТ: …И тоа е тоа! Овие шницли се тооолку вкусни! Зачините во презлата се многу важни и не заборавајте да го исцедите лимонот пред да ги сервирате... Тој навистина ги подига вкусовите и допринесува за вистинско доживување на свинската шницла.
Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Тава за пржење