Сарма во куглов
Е оваа сарма малку во друг стил, љубопитноста за тоа како ли ќе изгледа ако наместо да ја спремам вообичаено, ја ставам во куглов - па што ке биде - нека биде, резулатот е овој...
Подготовка
- Ставете во тавче да го пржите исеканиот кромид заедно со ситно исечена сланината, додајте го измиениот ориз, сосема кратко запржете, додадете го месото и се заедно исто така малку запржете. Тргнете од ригнлата и зачинете.
- Извадете листови од зелката, исечете ги дебелите делови од него.
- Лимениот куглов обложете го со листовите редејки ги еден до друг така што тиа малку и да се преклопуваат, оставете нека висат листови над рабовите од кугловот. Исто така внимавајте а во внатрешниот дел од кугловот листовите исто така малку да се подигнати, да не лежат на самото дно туку да бидат подигнати. Наредете ја сега смесата од меленото месо и оризот, добро налегнете ја. Вракајте ги сега надворешните делови од листовите на внатре подвивајки ги испод внатрешните краеви од листовите, фактички тоа изгледа како да сте замотале ролат и ставен во кугловот. Залијте со вода и расол, досолете доколку сметате дека е потребно, поклопете го кугловот со соодвете сад и оставете да на тивко крчка повеке време.
Кога е готова оваа сармата, поклопете со чинија, превртете ја сармата, сечете и служете.
Тоа е...
Совет
Кога и да спремам зелка од расол, дали ќе е подварок или сарма не ми е битно, секогаш ќе ставам една цела глвица измиен лук, но не чистен, заедно со лушпата за да даде свој придонес за вкусот, ние така ја сакаме.
- Филот за сармата може да си го спремате тој што вие си го најповеке сакате, ова повеке како некоја си идеја од рецепт нека биде
- Оваа сарма ќе изгледа уште подекоративо и повеќе овкусена доколку прво поставите во самиот куглов на неколку места ленти од тенко сечена сланина на истиот начин како што ги ставаме листовите, врз неа листовите, а потоа заедно сланината и листовите се враќаат на внатре и се формира. Одлично е и така, ако не ми беше ладно да идам да купам сланина, сега ќе осамнеше овде баш таква сарма... ама прелазна оцена имаше и овака како што ја гледате.
Овде сум да дообјаснам нешто доколку се појавила некоја нејаснотија.
Лиценца: Сите права се задржани
И на мене многу ми се допадна изведбата.Еве како може еден традиционален рецепт да изгледа и модерно.
(сега фенот во рака и ќе го топлиме бурето со зелка да стаса побргу):)
устава ми испадна. не знам дали се воодушевам во мој пубертетски стил или да им пишам на МоиРецепти да го избришат ова. кај нас дома шеќерко прави сарма, мене ме мрзи, а после ова нема да имам веќе изговори :) :) :) :)
мастер шефу, ју рул!
Поздрав
П.С.Стасана е зелката,ќе ги изненадам дома некој ден