Сарма во куглов
Состојки
- 1 поголема зелка
- 500 гр. мешано мелено месо
- 2-3 лажици сецкана пушена сланина
- 100 гр. ориз
- 1 кромид
- на вкус сол, црвен пипер,вегета, бибер
Подготовка
Е оваа сарма малку во друг стил, љубопитноста за тоа како ли ќе изгледа ако наместо да ја спремам вообичаено, ја ставам во куглов - па што ке биде - нека биде, резулатот е овој...
Подготовка
- Ставете во тавче да го пржите исеканиот кромид заедно со ситно исечена сланината, додајте го измиениот ориз, сосема кратко запржете, додадете го месото и се заедно исто така малку запржете. Тргнете од ригнлата и зачинете.
- Извадете листови од зелката, исечете ги дебелите делови од него.
- Лимениот куглов обложете го со листовите редејки ги еден до друг така што тиа малку и да се преклопуваат, оставете нека висат листови над рабовите од кугловот. Исто така внимавајте а во внатрешниот дел од кугловот листовите исто така малку да се подигнати, да не лежат на самото дно туку да бидат подигнати. Наредете ја сега смесата од меленото месо и оризот, добро налегнете ја. Вракајте ги сега надворешните делови од листовите на внатре подвивајки ги испод внатрешните краеви од листовите, фактички тоа изгледа како да сте замотале ролат и ставен во кугловот. Залијте со вода и расол, досолете доколку сметате дека е потребно, поклопете го кугловот со соодвете сад и оставете да на тивко крчка повеке време.
Кога е готова оваа сармата, поклопете со чинија, превртете ја сармата, сечете и служете.
Тоа е...
Совет
Кога и да спремам зелка од расол, дали ќе е подварок или сарма не ми е битно, секогаш ќе ставам една цела глвица измиен лук, но не чистен, заедно со лушпата за да даде свој придонес за вкусот, ние така ја сакаме.
- Филот за сармата може да си го спремате тој што вие си го најповеке сакате, ова повеке како некоја си идеја од рецепт нека биде
- Оваа сарма ќе изгледа уште подекоративо и повеќе овкусена доколку прво поставите во самиот куглов на неколку места ленти од тенко сечена сланина на истиот начин како што ги ставаме листовите, врз неа листовите, а потоа заедно сланината и листовите се враќаат на внатре и се формира. Одлично е и така, ако не ми беше ладно да идам да купам сланина, сега ќе осамнеше овде баш таква сарма... ама прелазна оцена имаше и овака како што ја гледате.
Овде сум да дообјаснам нешто доколку се појавила некоја нејаснотија.