Самса
Не можам да кажам дека се Узбекистански затоа што овде има квасец за разлика од тие кои се многу крцкави затоа што се замесуваат само со вода, јајце и има повеке маргарин. Постапката инаку е иста.
Постапка
- Имешајте ги сите состојки за тестото освен брашното кое го додавате полека се додека не добиете убаво податливо тесто за месење кое е глатко и нелепливо.
- Оставете го да одстои околу 30 мин.
- Премесете го и поделете го на 12 дела.
- Секој дел оформето го на топче и оставете нека одстојат покриени повторно уште 30 мин.
- Со сукало сукајте од секое топче кора во големина на тањир притоа посипувајки со мешавината од густинот и брашното.
- Земате една кора, ја премачкувате со стопениот маргарин или путер, врз неа ставате втората кора, пак премачкате, ставете ја третата кора која не ја премачкувате. Така со сите.
- Сега секоја добиена една кора расукајте ја во поголема кора потенко. Премачкајте ја оваа кора и замотајте ја во ролат. Така со останатите 3 кори. Исечете парчиња во ширина од околу 2 см, може и поголеми (зависи колку сакате да ви се големи самсите).
- Секое исечено парче свртете го со пресекот нагоре, малку одмотајте од крајот и вратете кон средината на исеченото ролатче од тесто, малку со раката налегнете, па со сукалото расукајте коричка мала. Цело време користете го посипот од брашно и густин.
- Откако сте го расукале, на средината ставете од филот кој сте го одбрале, формирајте триаголник, прилепете ги краевите, свртете така да горниот дел лежи надоле редете во тавата. Така со сите добиени ролатчиња. Оставете да стасаат, печете во претходно загреана рерна на 180 степени. Печени доколку сакате да добијат сјај - премачкајте ги со маргарин или путер.
Се надевам дека помошните слики ќе ви го објаснат цело време ова што го пишував околу формирањето.
Напомена
- Овие самси јас ги сакам и секогаш полнам со живо ситно сецкано или мелено месо. Го зачинувам со сол, бибер, сув зеленчук, сецкан кромид. Додека се испечат самсите и месото е готово кое нешто ја прави внатрешноста мека и многу пријатна на вкус.
- За да добиете форма на школка, откако сте расукале едно ролатче, ставете од филот и само преклопете краевите.
Ако има нејаснотии..овде сум, ви стојам на располагање.
Бон Апетит драги мои!
Лиценца: Сите права се задржани
Весне чувај барем едно да пробам :)