
Самса со компири
Во просеано брашно додајте сол, зејтин и топла вода да се замеси тесто.
Тестото оставете на 20 мин.да одстои. Разсукајте го тестото премачкајте со путер и завиткајте во ролат. Оставете во фриждер на 20 минути.
Компирите исечете ги на мали коцки, кромидот ситно исечете го, додајте во компирите, посолете додајте црн пипер и зачини.
Ролатот исечете го на парчиња околу 1 см. Секое парче рассукајте танко. Ставете на лист, средината држете ја со прст, а краеви вртете ги во круг, така се завиткува. Ставете фил, краевите залепете ги.
Така направете со останато тесто. Самсата намачкајте ја со јајце, наросете со афион и сусам по желба.
Печете во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.
Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани