Самса Врањанска пита
Ви ветив дека во наредна прилика ќе ја подготвам и врањанската самса.Убава пита за прави гурмани за неа треба да се знае дека се јаде со голем сласт ама не треба да се прејадува,оставете кога ви е најслатко.
Подготовка.
1. На почеток го замесуваме тестото. Во сад за матење го ставаме брашното и солта, зејтинот и додавајќи млака вода замесуваме средно меко тесто. Тестото го оставаме да одмори петнаесетина мин.покриено.
2. Тестото го делиме на девет топчиња. Секое топче го расукуваме со големина на мал тањир. Деветте кори ги делиме на три кори, значи со три помали кори формираме една поголема кора кои ги премачкуваме со маст. На последната кора не ставаме маст, трите премачкани кори ги оставаме десетина минути да одстојат.
3. Корите со сукалка ги сукаме колку што може потенко. Секоја кора се попрскува со растопена маст и се мота во ролат. Ролатот се сече на триаголници и се реди во намрсена тава за печење. Печеме на 220степени половина час.
4. Лукот го толчиме со малку сол и го додаваме киселото млеко. Со филот ја полеваме испечената пита и ја оставаме да впие десетина минути.
Добар апетит!!!
Лиценца: Сите права се задржани