![Салата со праз](https://moirecepti.mk/content/uploads/2021/02/-%d1%81%d0%be-%d0%bf%d1%80%d0%b0%d0%b7-01b6c9-800x658.jpg)
Салата со праз
1. Исчисете го празот и пресечете со местото каде што почнуваат да се разлистуваат перцата, значи без перца, исечете на потенки кругови.
2. Јаболките излупете ги и исечете на што потенки парчиња, а не пречи да бидат сечени на ситни коцки. Измешајте ги празот и јаболката, посолете по вкус.
3. Направете го дресингот така што ке ги измешате истиснатиот сок од лимонот и портокалот, додадете го маслото, киселата павлака и оревите- измешајте ги. Истурете врз празот, измешајте, посипете со мелен бибер и ситно сецкан магдонос.
Салатата е многу освежителна.
Напомена - празот нели се разликува по големина и дебелина, јас го исеков целиот бел дел и дел од зелениот- како што кажав се до местото каде што почнуваат листовите на празот.
Лиценца: Сите права се задржани