Испечати

Салата со праз

Салата со праз

Состојки

  • 2 страка праз
  • 2 кисели јаболка
  • според вкус сок од лимон и портокал(најдобро сок од цели исцедени лимон и портокал)
  • 2 лажици сусамово масло
  • 80 гр. сецкани ореви
  • 200 гр. сирење (идеален спој е плавото сирење)
  • 3 лажици кисела павлака
  • на вкус сол, бибер, магдонос

Подготовка

1. Исчисете го празот и пресечете со местото каде што почнуваат да се разлистуваат перцата, значи без перца, исечете на потенки кругови.
2. Јаболките излупете ги и исечете на што потенки парчиња, а не пречи да бидат сечени на ситни коцки. Измешајте ги празот и јаболката, посолете по вкус.
3. Направете го дресингот така што ке ги измешате истиснатиот сок од лимонот и портокалот, додадете го маслото, киселата павлака и оревите- измешајте ги. Истурете врз празот, измешајте, посипете со мелен бибер и ситно сецкан магдонос.

Салатата е многу освежителна.

Напомена - празот нели се разликува по големина и дебелина, јас го исеков целиот бел дел и дел од зелениот- како што кажав се до местото каде што почнуваат листовите на празот.