Малку експериментирав со вкусовите и да ви кажам успешно излезе салатава...

Подготовка

1. Сусамот го потпекуваме и го оставаме да се излади.

2. Краставицата ја сечкаме на ситни коцки, и празот го сечкаме на ситни парченца.

3. Оревите ситно ги сечкаме или ги мелеме по желба.

4. Сирењето го рендаме и го соединуваме со сите останати состојки.

5. Додаваме копар и бибер, по вкус и желба.

6. Салатата ја оставаме да се соединат вкусовите или пак веднаш ја сервираме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани