Салата која често ја користам во зимно време. Можете да употребите обична зелена салата, а може и ајсберг, по ваша желба.

Подготовка:
1. Во садот, во кој ќе ја служите салатата, со рака искинете ја зелената салата. Во неа додајте го младото лукче кое сте го исекле на парчиња, ротквичките и сувите домати.
2. Зачинете со балсамико киселина, маслиново масло и сол по вкус. Промешајте нежно. Одозгора нарендајте на ленти, биено сирење.

На здравје со домашна ракиичка!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови