Испечати

Свежа салата со сушени домати и биено сирење

Свежа салата со сушени домати и биено сирење

Состојки

  • 1 парче салатка
  • 3-4 парчиња ротквички
  • 2-3 млади лукчиња
  • суви домати по желба
  • биено сирење на ленти, по желба
  • киселина балзамико по вкус
  • сол, маслиново масло

Подготовка

Салата која често ја користам во зимно време. Можете да употребите обична зелена салата, а може и ајсберг, по ваша желба.

Подготовка:
1. Во садот, во кој ќе ја служите салатата, со рака искинете ја зелената салата. Во неа додајте го младото лукче кое сте го исекле на парчиња, ротквичките и сувите домати.
2. Зачинете со балсамико киселина, маслиново масло и сол по вкус. Промешајте нежно. Одозгора нарендајте на ленти, биено сирење.

На здравје со домашна ракиичка!