Испечати

Салата со праз и биено сирење

Салата со праз и биено сирење

Состојки

  • 15 см од страк праз
  • 200 гр биено сирење
  • 150 гр урда
  • 300 гр кисела павлака
  • 1 свежа краставица
  • 50 гр потпечен сусам
  • 50 гр сечкани ореви
  • копар, бибер и други зачини по вкус

Подготовка

Малку експериментирав со вкусовите и да ви кажам успешно излезе салатава...

Подготовка

1. Сусамот го потпекуваме и го оставаме да се излади.

2. Краставицата ја сечкаме на ситни коцки, и празот го сечкаме на ситни парченца.

3. Оревите ситно ги сечкаме или ги мелеме по желба.

4. Сирењето го рендаме и го соединуваме со сите останати состојки.

5. Додаваме копар и бибер, по вкус и желба.

6. Салатата ја оставаме да се соединат вкусовите или пак веднаш ја сервираме.