![Салата со кулен](https://moirecepti.mk/content/uploads/2021/12/269683815_1104616870285456_6038937068811630004_n-b14af1-800x450.jpg)
Салата со кулен
Превкусна салата во новогодишен дух.
ПодготовкаЧ
1. Куленот и киселите краставички ситно се сецкаат.
2. Јајцата се рендаат, посебно белките, посебно жолчките. Ситно ренданите жолчките одат внатре, а белката (на покрупната страна од рендето) одозгора.
3. Во подлабок сад се мешаат сите состојки. Се ставаат во кутија со капак да отстојат 2 часа, за да се измешаат вкусовите.
4. Потоа ја сервираме на чинија и ја декорираме.
Ја посипуваме со рендана белка и ја украсуваме со гранчиња копар, морков и пченка, како на фотографијата.
5.Еден совет - доколку сметате дека салатата ќе ви биде солена за ваш вкус, зависно од сирењето, намалете на него, а за сметка на тоа додадете јајце во неа.
Среќни празници!
Лиценца: Сите права се задржани