Испечати

Салата со кулен

Салата со кулен

Состојки

  • 150 гр. кулен
  • 5 кисели краставички
  • 2 варени јајца
  • 50 гр. поптечен сусам
  • 100 гр. мајонез
  • 150 гр. кисела павлака
  • 250 гр. фета сирење - пасирано
  • За декорација
  • неколку гранчиња копар, варен морков и пченка

Подготовка

Превкусна салата во новогодишен дух.

ПодготовкаЧ

1. Куленот и киселите краставички ситно се сецкаат.
2. Јајцата се рендаат, посебно белките, посебно жолчките. Ситно ренданите жолчките одат внатре, а белката (на покрупната страна од рендето) одозгора.
3. Во подлабок сад се мешаат сите состојки. Се ставаат во кутија со капак да отстојат 2 часа, за да се измешаат вкусовите.
4. Потоа ја сервираме на чинија и ја декорираме.
Ја посипуваме со рендана белка и ја украсуваме со гранчиња копар, морков и пченка, како на фотографијата.
5.Еден совет - доколку сметате дека салатата ќе ви биде солена за ваш вкус, зависно од сирењето, намалете на него, а за сметка на тоа додадете јајце во неа.

Среќни празници!