Многу често комбинирам месо со разни филови било да се тоа ,,суви,, или ,,кремасти,, по конзистенција за да имаме разноликост од вкусови...на експериментите им нема крај би рекла.
Во продолжение следува еден од нив.
Месото се сечи по должина и се чука со чук за месо, танко како за шницла, се премачкува со крем од мајонез и крем сирење помешани со зачини, се вие во ролат и нека отстои барем половина саат. По вторпат се отвора ролатот и се редат парчињата кулен и праз кој во мегувреме сме го динстале на оган колку да омекни,малку сол и се вие повторно во ролатче, краевите се прицврстуваат со чепкалка или готварски конец...кој како практикува. Се налева водата, најгоре парченца путер се прекрива садот каде ќе се печи со фолија и се става во рерна на 50ина минути да се печи. При средина на печењето отстранувам фолија и го вртам од долната страна подеднакво да се омекни, за при сам крај да се отстрани фолијата да добие боичка. Малку подизладен се сечи,за прилог изберете сами...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови