Полнето свинско каре
Еве го денешниот ручек.
Не успеав да направам салам слика оти гладни усти ме чекаа.
Ама кога ќе бидиме сите 4 комплет, ќе го направам истиов ручек и ќе направам понатенане главна слика, па ќе ја приложам (ако успеам, ха, ха)
Прво свинското каре го делиме на 3 парчиња.
Секое парче го засекуваме на половина, но не до крај.
Ги чукаме по малку парчињата месо, ги зачинуваме, ги премачкуваме со сенф, ги попрскуваме со маслиново масло и ги маринираме најмалку 4-5 часа.
Потоа ги полниме џебовите.
Ставаме ред шунка, ред кашкавал, ред пушено пилешко филе, ред кашкавал.
Ги преклопуваме.
По потреба ги прицврстуваме со 1-2 чепкалки.
Ги пржиме од 2 страни на загреано масло да заруменат.
Потоа налеваме 50 мл вода, ставаме по 1-2 парчиња сланинка одозгора и ги запекуваме во рерна околу 30 минути.
Лиценца: Сите права се задржани
denes povtorno go pravev istiov ucek, domasnite prezadovolni