Остатокот од велигденските јајца, покрај првомајската салата, која овој период е највкусна и стандардната со киселина, масло и сол, за да се смени и дојадат ги изедовме во облик на оваа салата, која одлично ни дојде како прилог со плескавиците и компирчињата. Жалам што сликата не ја доловува солидно, на око изгледаше многу поубаво, а сликаното беше брзо и попатно. Но, вкусот и идејата чинам се побитни сепак.

ПодготовкаЧ

1. Јајцата исечкајте ги на ситни парчиња. Исецкајте го и младиот кромид и корнишоните, а беби спанаќот искинете го. Некаде прочитав дека тој губел некои хранливи состојки ако се сечкал, па решив да го кинам.
2. Сето ова измешајте го и додадете им ја пастата од лук, мајонез и кисела павлака.

На крај дотерајте за сол и желбата за црн пипер.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови