
14
јан
2023
Румба бајадера
1. Се мелат бисквитите ,се гмечи бананата, се додава медот ,ванилата и маргаринот и убаво се меси со рака.
2. Се дели смесата на два дела и се прави долго сукалче околу 30см.Значи се прават две сукалциња од 30см.
3. На средината од сукалцето се прави една долга линија со рачката од дрвената лажица и се прави вдлабнатина.Истото се прави и на другото. Потоа се топи бела чоколада и се полни долгата вдлабнатина со бело чоколадо. Врз него цик-цак се става црното чоколадо и со чачкалица се поминува одозгоре додолу да се направи шарата -декорацијата.Додека не е стврднато чоколадоот се селат парчиња колачи.
Лиценца: Сите права се задржани