Лиснатото тесто оставете го да се размрзне. Треба да стане меко за да може да се рассука. Изварката измешајте ја со лутеницата и посолете ја. Омекнатото лиснато тесто рассукајте го со сукало во плоча со дебелина од 5мм. Исечете го на квадрати од околу 6см и секој квадрат внатрешно засечете го како на сликата. Потоа засекот превртете го внатрешно на спротивната страна и другиот засек исто во спротивната страна за да добиете ромб како на сликата.
Внатрешниот празен дел наполнете го со филот, наросете малку со сусам во средината и украсете со маслинка. Оставете ја рерната претходно убаво да се загрее околу 15 минути. Наредете ги ромбовидните погачици во претходно премачкан плех со путер или маргарин и ставете ги да се печат додека не поруменат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови