6
ное
2012
Рол виршли
Се замесува тесто со стасаниот квасец во млекото и се остава да стаса. Од како ќе стаса се расукува кора над која се ренда сирењети и потоа се сече на траки со ширина околу 2см.
Виршлите се сечат на половина по должина или пак на 4 дела и се зема една трака, се витка околу виршлата и се редат во подмачкан плех. Стасуваат околу 15 минути, а потоа се печат на 180 околу 15-20 минути.
Одлични се за појадок, а и за со пивце душа дале. Ако имате дома мали дечиња, виршлите може да бидат и помали па малечки кифлички за нивно задоволство.
Ви препорачуваме овој рецепт да го подготвите со Сет тави за пица
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела