Ролнички со пилешко мелено и јајца
Во сад ставаме едно јајце со една лажица млеко матим со маталка. Во тава за палачинки ставаме малку масло оставаме тавата убаво да се загрее и го додаваме разматеното јајце го распоредуваме во тавата како палачинка оставаме да се запече и окренуваме и од другата страна да се запече. Така повторуваме уште двапати со останатите две јајца.
Меленото месо го зачинуваме и убаво промешуваме. Земаме од палачинката од јајце на неа распоредуваме дел од меленото месо, а потоа од мајонезот на неколку места хоризонтално и вертикално над месото. Ја виткаме палачинката во ролна и малку ги затвараме страните навнатре. Ја повторуваме постапката со преостанатите две палачинки. Ги редиме во подмачкано со масло плекче и ставаме во претходно загреена релна на 180 степени, Околу 35 до 40 минути.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови