30
мар
2020
Ролат со спанаќ и урда
Во просеано брашно додајте квасец, сол, шеќер и со топла вода замесете тесто. Оставете го да стаса.
Спанаќот измијте го, ставете го да се свари.
Во спанаќот додајте урда, подсолете по вкус.
Тестото рассукајте го во пласт 1 см. филувајте со фил од спанаќ и завиткајте во ролат.
Ролатот оставете го 15 минути да отстои. Премачкајте со јајце и наросете со сусам.
Печете го на 220 степени околу 35 минути.
Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани