Спанаќот ситно го дробиме и го обаруваме.
Јајцата пенасто се матат, се додава солта и лажица по лажица брашно со најмалата брзина на миксерот. На крај со лажица го додаваме и промешуваме предходно обарениот и изладен спанаќ.
Смесата се истура во плехот од шпоретот, предходно добро намастен и обложен со пек-хартија. Се печи на температура од 220 степени околу 20 мин.
Печената кора ја вадиме од плехот и хартијата и ја оставаме во влажна крпа додека го подготвуваме филот.
Свежото сирење и павлаката добро ги мешаме, да станат една хомогена смеса, која најпрво ја мачкаме врз ролатот и над неа ги редиме тенките кругови мортадела. Виткаме ролат. Оставаме неколку часа да се стегни филот и потоа сечиме на парчиња. Добар апетит!

Напомена
Оригиналниот фил во рецептот е со 250 гр павлака, 250 гр бело сирење, 250 гр. салама.
Кората се премачкува прво со павлаката, која се меша со ситно дробеното сирење и над нив се става салама исецкана на ситни коцки. Но, бидејќи јас сакав да го искористам свежото сирење и мортаделата-филот на сликата произлезе таков. Доколку се одлучите за варијантата свежо сирење, кое е многу мазно и лесно се измешува со павлаката, а со тоа и филот поубаво се нанесува, внимавајте на соленоста.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови