Квасецот се става во 500 мл. Газирана млака вода да се растопи, па се додава солта, зејтинот, шеќерот и брашното. Во таа кашеста смеса се додаваат 3 јајца предходно измутени со жица за матење. Со оваа кашеста смеса се премачкуваат корите.
За филот најпрво се спрема спанаќот. Спанаќот се чисти, се мие и се сече. Се става врела вода врз спанаќот и да отстои околу 5 минути и се прецедува. Да подолади малку па се додава и сирењето иситнето и се заедно се измешува. Со тоа филот од сирењето и спанаќот е готов. Сол не додадов бидејќи сирењето беше доволно солено.
Се зема една кора, се премачкува со кашата. Врз неа се реди друга кора, па и таа се премачкува. Истото се повторува и со третата кора. Откако ќе се премачка третата кора, се реди филот од спанаќот и сирење и се витка во ролат. Па се става во намрсена тепсија. Постапката се повторува со сите кори.
Со кашата што ќе остане се премачкуваат ролатите одозгора и се поросуваат со сусам.
Вака подготвена ролат питата се остава да одстои 1 час, па потоа се пече 25-30 минути на 200 степени додека убаво да зарумени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови