
18
јун
2014
Рижото од лигни и црнило од сипа
На малку масло се запжува ситно сецканата главица кромид и потоа се додава и лукот исецкан. Лигните се сецкаат ситно и се додаваат во кромидот и лукот. Тие сами од себе ќе пуштат вода и се пржи додека им испари водата. Се додава виното, малку рузмарин, магдонос и се посолува. Црнилото од сипа се раствора во 100 мл врела вода и потоа се додава 200 мл ладна вода и сето се истура во лигните, се додава и оризот и се вари додека испари водата и оризот биде сварен.
Пријатен апетит !!!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови