Во изминативе години, секогаш сум ви пишувала како рибата е една од моите омилени јадења. Затоа често и барам нови и нови рецепти. Денес ќе ви го кажам мојот новитет, но воедно и преубав ручек. Печена пастрмка со наут.

Подготовка:

1. За подготовка на овој преубав ручек,потребно е да ја исчистиме и добро измиеме рибата. Да ја посолиме и да ја оставиме малку да отстои.
2. Потоа во тавата, каде ќе го спремем ручекот, го истураме наутот, а врз него ја легнуваме рибата, засечена на неколку места по должината. Ја зачинив со зачин за риба и наросив мелен црн бибер. Попрскав со маслиново масло и свежо цеден сок од лимон. Наросив црн бибер и додадов гранче рузмарин. Оставив да се пече на тивко 1 час.
3. Потоа кога рибата беше печена,а наутот совршено крцкав, ги сервирав во чинии, додавајќи киви, и рукола како прилог.
Нека ви е слатко.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови