За љубителите на риба ова е ручек кој е лесен и брз за подготовка, кој со прилог по желба, кај мене беше пире од компири и салата, излегува богат ручек.

1. Секое парче од одмрзнатата риба го валкаме во семињата, кои се измешани со зачинот и брашното. Ги редиме во тавче. Мојата тава за печење-пекач има решетка, па така да јас на решетката ги редам. Ако немате ваква тава, ставете ги така ама внимавајте со температурата на готвење, за да не ви загорат или пак можете во алуминиумска фолија да ги ставите рибите и да ставите на дното од тавата малку вода.
2. Ги намаслуваме по малку масло по должина и ширина, во тавата ставаме малку вода (околу50 мл) и 100 мл бело вино.
3. Лукчето и магдоносот ситно ги сечкаме. Ги печеме на температура од 220 степени, со поклопец на тавата додека да се зацрвенат или пак пробајте ги, ако излегуваат лесно од коската и нормално ако такви ви се вкусни, вадете ги. Пред крај на печење отворете го капакот и оставете ги малку да се потпечат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани