Редена торта од бајат леб
Идејата ја видов кај Анка. Многу ми се допадна па решив да ја применам и исто така да ви ја презентирам. Особено ми се допаѓа најпрво изгледот, иако јас не се потрудив баш добро да ја центрирам со редените лепчиња за да дојди како вистинска торта на изглед, но секако е еден од оние рецепти за искористувањето на стариот леб и како што Лиле вика „чистач на фрижидерот“, само што тука се заедно се спрема и изгледот можи да ви послужи некогаш да почестите појадок и за гости кои ви преноќиле.
Во намастено тавче наредете ги кришките леб исправени. Овде се малку налегнати, бидејќи со толку леб располагав. Помеѓу секое парче леб ставајте од намирниците кои ви ги наброив, односно она што во моментот ќе имате во фрижидер и она што вашиот апетит посакува.
На крај попрскајте ги со маслиново масло. Издробете го сирењето и помешајте го со павлаката и јајцата. Количината спеак ќе си ја прилагодите спрема тоа колку парчиња леб имате.
Ставете го во рерна на 200С да се печи некои 15-20 мин. Потоа извадете го и изрендајте го кашкавалот. Вратете во исклучена да одстои додека се растопи.
Во случајот со моменталната слика кај мене нема рендан кашкавал одозгора, бидејќи не остана, но во скора прилика кога ќе правам повторно ќе навратам да поставам и така како изгледа.
Лиценца: Сите права се задржани
Лили, имам најмало паковање маринирани шапињони во фризидер. Стојат можи скоро година време :) Мислев дека еден ден ќе се опробам во некоја прилика, ама или ги заборавам дека се тука или кога ќе ги видам ми се темни :))) Замисли, уште не се муфлосани :)))))))