1
јул
2013
Пченица како десерт
1. Пченицата се мие со ладна вода. Се става во тенџере, се налева со ладна вода и се остава да стои 5 часа.
2. Водата во која стоела се истура, се додава чиста вода и се вари 1 час.
3. Водата во која се варела пченицата се истура, се мие со ладна вода и се цеди.
4. Со раце ја гмечиме пченицата. Ги додаваме циметот, ванилите, шеќерот, оревите и презлата. Мешаме со раце.
5. Готовата пченица ја ставаме во чинија и врз неа посипуваме со мелени ореви.
Лиценца: Сите права се задржани