22
фев
2022
Путер од кикиритки со цимет и брусница
Збогатен со вкусови путер од кикиритки.
Подготовка:
1. Кикиритките ги блендираме додека не добиеме течна смеса.
2. Го додаваме циметот, блендираме. Ја додаваме брусницата и кратко пулсираме само да се помеша брусницата со путерот, да не се иситни. Уживајте во вкусот.
Лиценца: Сите права се задржани