1. Ставете ги печените кикиритки во блендер и блендирајте додека да се сомелат, па потоа додадете го медот и маслото. Блендирајте додека смесата да стане кремаста.

2. Во соодветен сад на умерен оган, ставете го чоколадото и маргаринот да се стопат. Откако ќе се стопат тргнете ги на страна, па додадете го путерот од кикиритки и мешајте додека смесата да се изедначи.

3. Во садот постепено додавајте од мелените бисквити и промешувајте со лажица.
Додека смесата е топла, на намрсена работна површина расукајте кора со дебелина по ваша желба (јас ја расукав со дебелина од 1 см), и со модла срце вадете форми. Остатокот од смесата повторно расукајте ја, вадете форми и се така додека да се потроши.

4. Ставете ги срцињата малку во фрижидер да се изладат т.е да се стегне маргаринот.

Декорирајте со бело чоколадо и сецкани кикиритки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови