Испечати

Бело срце со путер од кикиритки

Бело срце со путер од кикиритки

Состојки

  • за смеса
  • 150 гр бело чоколадо за готвење
  • 100 гр маргарин
  • 150 гр печени кикиритки
  • 2 лажици мед
  • 2 лажици масло
  • по потреба мелени бисквити
  • декорација
  • 50 гр бело чоколадо за готвење
  • 1 лажица масло
  • малку сецкани кикиритки

Подготовка

1. Ставете ги печените кикиритки во блендер и блендирајте додека да се сомелат, па потоа додадете го медот и маслото. Блендирајте додека смесата да стане кремаста.

2. Во соодветен сад на умерен оган, ставете го чоколадото и маргаринот да се стопат. Откако ќе се стопат тргнете ги на страна, па додадете го путерот од кикиритки и мешајте додека смесата да се изедначи.

3. Во садот постепено додавајте од мелените бисквити и промешувајте со лажица.
Додека смесата е топла, на намрсена работна површина расукајте кора со дебелина по ваша желба (јас ја расукав со дебелина од 1 см), и со модла срце вадете форми. Остатокот од смесата повторно расукајте ја, вадете форми и се така додека да се потроши.

4. Ставете ги срцињата малку во фрижидер да се изладат т.е да се стегне маргаринот.

Декорирајте со бело чоколадо и сецкани кикиритки.