1. Белката ја матиме со миксер, па го додаваме шеќерот. Матиме на најјака брзина се додека убаво да се згусне, односно и да го превртите садот во кој матите да не може да падне снегот од белка. На крајот ја додаваме киселината и повторно мешаме кратко.
2. На тавче на хартија за печење, со помош на шприц или со лажиче ставаме од смесата и ги формираме пуслиците во која големина сакаме. Ги печеме на 130 степени околу 30 мин. Можеби и помалку, а тоа зависи од рерната.
3. Слатката павлака ја матиме додека да стане шлаг. Ги сечкаме јаготките, ги додаваме чоколадните трошки и соединуваме.
4. Од шлагот ставаме помеѓу две пуслици.

Одлични се ако се јадат веднаш.
Ако ги оставите за утре или друг ден, се исто така вкусни, ама се многу осетливи. Ако не внимавате како ги фаќате може да ви се здробат во рака.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани