
Проја шарен колач
Започнуваме со матење на јајцата,ги додаваме јогуртот,зејтинот,брашното и прашакот за пециво.Убаво мешаме за да ни се изедначи смесата.Потоа ги додаваме ситно сецкан чаен колбас,ренданото или дробено сирење и маслинките.
 Во смесата додаваме магданос,посолуваме со сусам или буковец.
 Пројата ја печев на два пати во силиконскиот правоаголен калап на Делимано.
 Печете го во загреана рерна на 180 степени околу 40-45 мин.
 Оставете да се излади убаво и сечете,послужете со чаша јогурт или кисело млеко.
 Добар апетит!!!
 Забелешка.
 Во пројата не додавајте сол, доволно ја има во сирењето, маслинките и чајната.
Лиценца: Сите права се задржани






















