28
окт
2014
Просеник со спанаќ и сирење
Јајцата, зејтинот, јогуртот и млекото се промешуваат, па се додава брашното, прашокот за пециво како и прстофат сол и шеќер.
Во добиената смеса додаваме издробено сирење, спанаќ исецкан на ситно (кој предходно ќе го подвариме).
Лукчето по желба, дава прекрасен шмек.
На крај истураме во подмачкано тавче и печеме 30 мин на 200 степени.
Филџан 125мл.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови