Просеник со спанаќ и сирење
Состојки
- 2 јајца
- 1,5 филџан пченкарно брашно
- 0,5 филџан интегрално брашно
- 1 филџан млеко
- 1 филџан јогурт
- 1/2 филџан зејтин
- 1 прашак за пециво
- 1/2 кг спанаќ
- 1 чешне лук
- 100-200 гр сирење (по желба)
Подготовка
Јајцата, зејтинот, јогуртот и млекото се промешуваат, па се додава брашното, прашокот за пециво како и прстофат сол и шеќер.
Во добиената смеса додаваме издробено сирење, спанаќ исецкан на ситно (кој предходно ќе го подвариме).
Лукчето по желба, дава прекрасен шмек.
На крај истураме во подмачкано тавче и печеме 30 мин на 200 степени.
Филџан 125мл.