Жолчките изматете ги со жица за матење. Додавајте наизменично брашно и млеко. Јас млеко ставам отприлика, тестото треба да биде како за торта, погусто. На страна изматете ги белките во цврст снег со двете врсти шеќер. Измешајте ги во смесата со жолчки со жицата за матење. Јаболката излупете ги и исечете ги на тенки парчиња.
Смесата поделете ја на три дела (отприлика по 2 кутлачи за колач). Во тефлонска тава за пржење ставете малку зејтин и првиот дел од смесата. Одозгора наредете ги јаболките и пржете на тивок оган. Кога ќе се испржи од едната страна превртете го колачот од другата страна и притиснете неколкупати со лажицата одозгора за убаво да се испржи. Повторете го истото со преостаната смеса.
Колачот послужете го топол со шеќер во прав и цимет по желба.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови